Don't Miss
Home / Вести / Асфалтирани 2,1 километри улици во Новаци

Асфалтирани 2,1 километри улици во Новаци

       

Во општината Новаци асфалтирани се локални улици во должина од 2,1 км  со што целосно е реализирана Програмата за изградба и одржување на локални патишта и улици на територијата на Општина Новаци за 2022 година.

-Во изминатите 2 месеци се спроведуваше асфалтирање на локални улици низ цела територија на Општина Новаци согласно програмата за изградба и одржување на локални патишта и улици која на мој предлог  ја одобри Советот на Општина Новаци.

 Согласно оваа програма се што беше планирано е остварено односно асфалтирани се локални улици во должина од 2.100 метри, или 6.300 метри квадратни со вкупна вредност од 10 милиони денари,  рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Со Програмата за  изградба и одржување на локални патишта и улици  беа опфатени сите населени места во Општина Новаци и тоа: Новаци, Гермијан, Добромири, Горно и Долно Агларци, Гнеотино, Рибарци,  Тепавци, Скочивир, Живојно и Далбеговци. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*