Home / Uncategorized / Avec L’Аmour ги освои срцата на публиката

Avec L’Аmour ги освои срцата на публиката

Mакедонскиот документарен филм „Avec l’amour“ на режисерот Илија Цветковски и продуцентот Атанас Георгиев својата премиера ја имаше на еден од најпрестижните фестивали за документарен филм во светот „Хот Докс“ во Торонто.
Овој филм на задоволство на љубителите на филмската уметност во Битола, премиерно беше прикажан во 3Д киното.

Avec L’Аmour, малото македонско микропроизводство, ги освои срцата на критичарите и публиката, па дури и Стивен Спилберг изјави дека тоа е најдобриот документарен филм што го изгледал со години наназад, откако го изгледал во Торонто на HotDocs во април.

Avec L’Amour е приказна за Дионис, пензиониран учител по биологија со страст и со сон. Тој поседува над стотина олдтајмери,  стари автомобили, од кои повеќето не ни работат, па секој ден спие покрај нив сонувајќи да ја претворат оваа необична колекција во музеј.

Avec L’Amour е сосема поинаков вид на документарен филм, лична, човечка приказна која ги спојува елементите на многу документарни филмови од 90-тите .

Низ спонтаните и симпатични брачни расправии, поддржани од одличниот саундтрак на групата „Фолтин“, се гради филмската љубовна приказна која се вози на запалените мотори од старите автомобили, разоткривајќи ги новите агли на познатите стереотипи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*