Don't Miss
Home / Култура / „Бела ноќ“ во Битола посветена на Денот на независноста на Република Македонија

„Бела ноќ“ во Битола посветена на Денот на независноста на Република Македонија

Националните установи од сферата на културата  во своите институции во Битола ќе приредат „Бела ноќ“ посветена на големиот државен празник – Денот на независноста на Република Македонија.

Во предвечерието на 8 Септември, НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ од 19 часот организира музичка програма „25 песни за 25 години независна Република Македонија“, кои ќе ги изведат членовите на детскиот хор „Ѕвончиња“.

Веднаш потоа ќе се одржи манифестацијата „Поетско-музички вибрации за Македонија“ на која ќе настапат поети-членови на Друштвото на писателите на Македонија, меѓу кои и Панде Манојлов, Христо Петрески, Петре Димовски, Кире Неделковски, Весна Мундишевска Велјановска и други.

НУ Центар за култура-Битола во 20 часот организира целовечерен концерт со Ана и Игор Дурловски и Оркестарот на Македонската опера и балет.

– На вечерашниот концерт „Песни од срцата“, битолчани ќе слушнат повеќе легендарни и незаборавни македонски љубовни песни што ќе ги исполнат светски познатите солисти Ана и Игор Дурловски, придружувани од Оркестарот на МОБ, под диригентство на Иван Еминовиќ. Гости на концертот ќе бидат членките на Женскиот камерен хор „Херувими“ кои ќе исполнат староцрковни македонски напеви. Но, вратите на нашата установа ќе бидат отворени цела вечер, бидејќи од 22.30 часот во „3Д-Кино“ ќе се реализира кино програма која ќе почне Центарот за култура-Битола.

Со пригодни активности Денот на независноста на Република Македонија ќе го одбележи и НУ Завод и Музеј-Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*