Home / Вести / Битола ќе добие нов градски парк

Битола ќе добие нов градски парк

                      

             Битолските  комунални претпријатиа  “Нискоградба“ ЈКП “Комуналец“ и ЈКП “Водовод“,  ги започнаа теренските активности за изградба на новиот Градски парк во населбата Довлеџик во Битола.

 Градежната оператива на трите јавни претпријатиа почна со подготовки на теренот и  расчистување на просторот, информираат од Нискоградба. 

Изградбата на новиот градски парк на излезот на Битола, на патот за Охрид беше најавена пред неколку месеци и за неговата изградба беа издвоени  средства од буџетот.

Но поради разни  околности неговата изградба доцнеше.

Активностите се забрзаа откако деновиве  преку јавно соопштение советничката листа на Поинаку се закани дека доколку  во најското време не почне изградбата на Паркот тие ќе поднесат иницијатива до градоначалникот на Битола, Тони Коњановски за смена на актуелниот директор,  Зоран Талевски, кој е кадар на ВМРО ДПМНЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*