Don't Miss
Home / Вести / „Bitola City Bus“ нова можност за подобар јавен превоз во Битола

„Bitola City Bus“ нова можност за подобар јавен превоз во Битола

Со цел подобрување на јавниот превоз во градот, намалување на сообраќајниот метеж и поедноставно и побрзо патување, Ротари Клуб Битола, изработи апликација која треба да ја олесни и подобри мобилноста во градот.

Со оваа апликација „Bitola City Bus“, граѓаните ќе имаат можност да добијат точна информација во реално време каде се наоѓа потребниот автобус.

Апликацијата и придружниот систем се донација од Ротари Клуб Битола за Општина Битола, а истите ќе бидат промовирани утре, на 27 март во 12:00 часот на Техничкиот факултет.

Оваа е уште една дигитална алатка, која се воведува во општината со цел обезбедување подобри можности за граѓаните за нивно брзо и ефикасно завршување на обврските.

Во изминатиот период воведен е геоинформациски (ГИС) систем, елекстронски систем за преглед и плаќање на данок, систем за управување со документи (ДМС), а аплицирањето за субвенции за дограма, кое ќе започне од 8 април, исто така ќе се реализира преку нов модул – електронски систем за поднесување барања за субвенции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*