Don't Miss
Home / Вести / Битола меѓу најкритичните градови во државата

Битола меѓу најкритичните градови во државата

                       

            По бројот на заразени и активни случаи со Ковид 19 Битола е меѓу четирите најкритични градови во државата.

            По Битола во иста ситуација се уште градовите Куманово, Кичево и Тетово, кои  се моментално најкритични градови во државата по однос на инциденцата,

            Кои се причините што Битола која од секогаш важеше за град со најмал број заразени бележи вакво зголемување на позитивните на Ковид 19 засега нема одговор.

            Нема одговор ни од Министерството за здравство ни од Клиничката болница, ни од Кризниот штаб.

            -Апелирам уште еднаш, граѓаните да се придржуваат до мерките, со сопствено одговорно однесување. Сите придонесуваме овој бран да заврши што поскоро“,  вели министерот Венко  Филипче.

            Додека од надлежните нема одговор на прашањето на што се должи ваквата вирулентност сепак повеќе од јасно е дека како и во другите градови, така и битолчани премногу се олабавија и опуштија и се однесуваат како вирусот да исчезнал.

            Особено во тоа придонесуваат младите лица кои се однесуваат како пандемијата да не постои.

            А и надлежните како да се олабавија.

            Сето тоа скапо не чинеше, а колку уште ќе не чини никој не знае.

            Затоа крајно е време не само за време на полицискиот час, туку и во текот на денот строго да се почитуваат мерките кои се исти за сите држави:носење маска, држење растојание и одржување хигиена.

            А и локалните власти треба да делуваат многу поангажирано и да не очекуаат само да добиваат препораки од Скопје, туку и тие во рамките на своите надежности да преземат мерки за спречување на пандемијата.

            Во периодот кога бројот на позитивните во Битола беше незначителен се преземаа разни мерки и активности од дезинфекција на станбените згради, институциите, контролиран превоз на патниците и работниците по фирмите по строгите протоколи, одржување хигиената и дезинфекцирање на работните простории, правење на дезинфекциони јами за возилата кои доаѓаа во Битола, делење нараквици и маски… и редица други мерки.

            Во ваква ситуација не треба да се чека само на мерките на Комисијата за зразни болести.

            Напротив потребно е секој еден кој со своето знаење може да помогне во справувањето со пандемијата во градот да се вклучи во битата со чумата на 21 век.

            Ова не  е време за бистрење политика и политички пресметки.

            Зошто на помош не би се викнале сите пензионирани медицински лица, или студентите во завршните години на медицина, како и бројните волонтери   да се вклучат во лекувањето и грижата за болните и старите лица.

            Потребно е и општината Битола покрај донацииите за Клиничката болница и Центарот за јавно здравје кои ги даде  да се вклучи  и со финансиска помош на сите оние кои се позитивн на ковид 19  и кои од своите скромни примања не можат да  ги подмират трошоците за лекување и рехабилитација.

            Има можеби уште десетици други мерки кои Општната може самата да ги преземи за справување со пандемијата без да се чека тоа да го прави само Комисијата за заразни болести.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*