Home / Uncategorized / Битолчанец од Велика Британија дилувал дрога

Битолчанец од Велика Британија дилувал дрога

         

Државјанин на Велика Британија е уапсен и притворен во истражниот затво во Битола, поради основнано сомневање дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

          Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против државјанинот  на Велика Британија по потекло од Битола.

Од Јавното обвинителство  соопштија дека осомничениот 33-годишник имал привремен престој во еден хостел во Битола и на 30-ти јануари неовластено набавил марихуана  од 24,68 грама.

– Дел од дрогата за износ од 500 денари тој му ја продал на едно лице, додека остатокот бил пронајден при претресот во неговата хотелска соба, велат во Основното јавно обвителство во Битола.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола доставил предлог за определување притвор за осомничениот.

 Судијата го прифати предлогот и со решение определи притвор во траење до 30 дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!