Don't Miss
Home / Вести / Битолскиот пазар добива нов лик

Битолскиот пазар добива нов лик

            

Нови тезги, ново осветлување, ново партерно уредување, поставување на клупи, изградба на  кафетерија, нова канализација и водовод.

    Така во иднина ќе изгледа битолскиот градски пазар.

        Ова го најави  директорот на ЈП “Пазари“  Владе Атанасовски.

Менаџментот на претпријатието денеска почна со расчистување на просторот пред Управната зграда.

        –  На почетокот на пазарот  ќе  се изгради  покриен Павилјон покриен, а ќе биде поставен нпв водовод и одвод, а Пазарот ќе добие целосно ново осветлување, вели Атанасовски.

Според проектот во новиот пазар  ќе има тезги на лик на дуќани кои ќе се затвораат од двете страни,  а самите тезгаџии по работното време ќе можат да ги спуштаат ролетните и на тој начин  да го затвораат дуќанот.

 Од другата страна на Управната зграда исто така ќе бидат изградени павилјони кои ќе бидат покриени  со тезги.

Во  стариот дел пазарот  кој на времето бил вага, во самиот објект, изграба на кафетерија,  а покрај оградата ќе бидат поставени  клупи за одмор, ќе има чешма, на средината на пазарот  ќе има пешачка зона,  а ќе биде изградена и Фонтана и поставени жардиниери со цвеќина“, рече директорот на ЈП Пазари Владе Атанасовски.

Вкупната вредност на проектот е 15 милиони денари, а средствата се од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој и Општина Битола.

-ЈП “Пазари“ заедно со Општина Битола аплицираа од ИПА2 фондовите од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој. Проектот е со вредност од 15 милиони денари од кои што 50 отсто  без ДДВ покрива Агенцијата или околу 6 милиони денари, а другите 9 милиони денари се средства од буџетот на Општина Битола изјави е Атанасовски.

-За сите тезгаџии кои тука продаваа е обезбеден простор и никој не е останат без тезга.Разбирање имаше и од страна на тезгаџиите и од страна на вработените“, рече Атанасовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*