Home / Македонија / Благодарница за градоначалникот Јакимовски од шампионките во одбојка

Благодарница за градоначалникот Јакимовски од шампионките во одбојка

Денеска, одбојкарките на одбојкарскиот клуб ,, Фит Фан Волеј’, пионерските шампионки во Македонија, му доделија благодарница на градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски за постојаната поддршка која ја дава на овој клуб.

На Државното  пионерско првенство одржано во Велес,  одбојкарките на клубот,  кој доаѓа од Општина Карпош го освоија првото место, и со тоа станаа државни прваци во одбојка во оваа категорија.

Првиот човек на локалната самоуправа им посака натамошни успеси, и истакна  дека активното занимавање со спорт придонесува за  психофизички здрав развој на една индивидуа, порачувајќи им  вредно да тренираат, сé со цел да се изградат во професионални спортисти.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*