Don't Miss
Home / Вести / Бројот на жртвите во поплавите во Шпанија се искачи на 224

Бројот на жртвите во поплавите во Шпанија се искачи на 224

Бројот на жртвите во поплавите во Шпанија се искачи на 224, а 16 лица се уште се водат како исчезнати, објавено е на веб-страницата на шпанската влада.
Како што се додава, 216 лица загинале во Валенсија, седум во Кастиља Ла Манча и едно во Андалузија, пренесува Ефе.

Владата наведува дека се извршени обдукција на сите жртви, а 197 тела се предадени на нивните семејства.

Повеќе од 100 од 216 смртни случаи регистрирани досега во Валенсија биле на возраст над 70 години, а девет биле малолетни, според официјалниот извештај на Центарот за интеграција на податоци објавен во јавноста од Врховниот суд на правдата во Валенсија.

Од вкупниот број починати, 131 се мажи, а 85 се жени, 190 се од шпанска националност, а уште 26 се од 11 други земји.

Од 26-те странци кои ги загубија животите, мнозинството се од Романија (9), но жртви има и од Мароко (4), Кина (4), Обединетото Кралство (2), Еквадор (1), Венецуела (1) , Украина (1), Холандија (1), Тунис (1), Колумбија (1) и Парагвај (1).

Невремето во Шпанија започна на крајот на октомври, проследено со големи поплави, кои најтешко го погодија регионот на Валенсија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*