Home / Вести / Букети свежи цвекиња за хероите од НОВ и Револуцијата

Букети свежи цвекиња за хероите од НОВ и Револуцијата

                       

Пред 80 години, нашите предци ја започнаа народната борба за ослободување од тогашниот фашистички окупатор. Во нивна чест, во Битола се одбележа еден од најзначајните датуми во македонската историја, 11 Октомври.

Свежо цвеќе пред Споменикот на загинатите борци пред Центарот за култура во Битола положија градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, претставници на Советот на Општина Битола, Општинскиот сојуз на борците, претставници на политичките партии СДСМ, ЛДП, ВМРО-ДПМНЕ, претставници на Форум на пензионери од СДСМ и претставници на семејствата на првоборците.

„Празниците се значајни најмалку за два работи: прво, да се потсетиме и да им оддадеме почит на оние кои што се заслужни за сето ова што го имаме, а второто е тоа да се присетиме себеси дека се во животот е избор. Избор имаме и во нашате денешница, за нашата битка, за нашата ботба, која што треба да претставува продолжување на негување на вредснотите за кои се бореле нашите предци во минатото. Не би сакала повеќе да должам во овие прилики, освен да посочам дека сите ние навистина треба да оддадеме длабока почит кон оние кои што ги дале своите животи за да бидеме денес ние овде, но и со нашето делување да ја продолжиме нивната битка“, рече градоначалничката Наташа Петровска, која воедно го честита големиот празник.

Градоначаничката Петровска, претставници на Советот на Општина Битола, Општинската организација на Сојузот на борците од Битола, претставници од СДСМ и претставници на семејствата на првоборците, подолжија свежо цвеќе на партизанските гробишта, со што им оддадоа почит на народните херои, кои ги положија животите во Втората светска војна, за слободна и независна држава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*