Don't Miss
Home / Вести / Честитка од градоначалникот Коњановски по повод Осми април, Меѓународниот ден на Ромите

Честитка од градоначалникот Коњановски по повод Осми април, Меѓународниот ден на Ромите

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, по повод Осми април, Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до сите припадници на ромската заедница.

Овој празник, Меѓународниот ден на Ромите е ден посветен на подигнување на свеста за правата и културата на ромската заедница. Но, не само денес, туку во текот на целата година, Општина Битола континуирано ја поддржува ромската уникатна култура, дава поддршка во образовниот процес и во останатите програми и содржини, согласно законските можности и делувања. Ромите се составен дел од нашето живеење, со еднакви права, можности и должности во нашата општина– истакна градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, во честитката по повод Осми април.

Деновиве, повеќе ромски здруженија, организираа голем број активности, одбележувајќи го својот празник, кога целиот свет ја одбележува ромската историја и култура.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*