Home / Вести / Чувајте се сами, оти нема кој да ве чува

Чувајте се сами, оти нема кој да ве чува

Состојбата со пандемијата зема загрижувачки размери.

Инфективното одделение во Клиничката болница во Битола интензивно се полни со  пациенти и речиси нема  слободни места.  

Во момeнтот во болницата хоспитализирани се 39 заболени 

И додека бројките со пандемијата се загржувачки првите луге на здраството бркаат партиски кампањи, како да ни претстојат предвремени избори.

Очигледно е дека здравствените работници кои не само што се затечени од оваа пандемија и се уморни, имаат и партиски задачи и активности па немаат многу време за подобрување на здравствената состојба на граѓаните.

А и Кризниот штаб за заразни болести со своите контрадикторни и најчесто контраверзни мерки намсто да придонесе за решавање на причините и последиците од коронавирусот става не само неред, туку и вистински хаос кај луѓето.

Затоа единстевниот спас за заштита од ковид 19 е самите да се заштитите и чувате затоа што (ќе)нема кој да ве (за)штити и лекува.

Кај нас одамна партијата е пред се и над се, па дури и пред здравјето на луѓето.

Затоа штитете се самите себе. Носете маски, држете дистанца и грижете се за вашата хигиена.

Сега не е момент ни за журки ни за журкање. Сега е време да се преживее оваа чума на 21 век, за која во овој момент сеуште светот нема лек.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!