Don't Miss
Home / Вести / Цената на златото урива рекорди

Цената на златото урива рекорди

Цената на златото денеска за првпат на светските пазари надминаа 3.200 долари, додека инвеститорите бараат безбедно засолниште за својот капитал во услови на слабеење на доларот и стравувањата дека трговската војна меѓу САД и Кина може да ја загрози светската економија.

На физичкиот пазар унца злато попладне чинеше 3.223,36 долари и поскапе за 1,56 отсто од вчерашното затворање. Ова е највисока цена откако златото се тргува на берзата. Од почетокот на неделата поскапе за околу шест отсто.

На американскиот пазар златото се тргуваше по цена повисока за 2,14 отсто, по речиси 3.228 долари.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера ги зголеми тарифите за кинески стоки на дури 145 отсто, а Пекинг возврати со зголемување на царините за увоз од САД на 125 отсто.

Постои зголемен ризик од рецесија, приносите на обврзниците растат, а американскиот долар слабее. Сето тоа се фактори кои го поддржуваат златото во улога на еден вид заштита од криза и инфлација“, изјави трговецот со благородни метали во германската филијала на Хереус Металс, Александар Зумфе.

Инвеститорите традиционално купуваат злато за да ги заштитат вредностите на средствата во периоди на зголемена економска и политичка нестабилност и да се спротивстават на падот на каматните стапки. Клиенти се и централните банки кои сакаат да го зајакнат билансот на состојба и да ги обезбедат залихите.

Во вакви услови златото лани поскапе за повеќе од 28 отсто, покажуваат пресметките на здружението на рударски компании WGC.

Од почетокот на годината неговата цена е зголемена за речиси 21 отсто.

Послабиот долар, исто така, ја зголемува побарувачката за злато бидејќи ја зајакнува куповната моќ на инвеститорите со други валути, забележува „Ројтерс“.

Извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*