Home / Македонија / Ден на жалост во Македонија по невремето кое зеде 21 жртва

Ден на жалост во Македонија по невремето кое зеде 21 жртва

Во чест на загинатите 21 лице кое животот го загубија во големото невреме кое ги зафати Скопскиот и Тетовскио регион,  Македонија денеска одбележува Ден на жалост.

Последната информација од Министерството за внатрешни работи вчера беше дека од  пронајдените 21 лице, 20 се идентификувани и предадени на семејствата, а една жртва не беше идентификувана.

Загинатите се во реонот на приградските населби Сингелиќ, Стајковци, Црешево и обиколницата кај Смилковци.

На вчерашната вонредна седница, Владата донесе одлука на семејствата со загинати да им додели еднократна парична помош од 300.000 денари, а претходно такви одлуки донесоа Градот Скопје за 180.000 денари и општина Гази Баба за 100.000 денари.

На истата седница, прогласена беше и кризна состојба во скопскиот и тетовскиот регион во наредните 15 дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!