Don't Miss
Home / Вести / Директорот на Битолскиот театар Мавровски: За кусо време не само што ја зголемивме посетеноста, туку успеавме да и го вратиме театарот на публиката и да реализираме седум премиери

Директорот на Битолскиот театар Мавровски: За кусо време не само што ја зголемивме посетеноста, туку успеавме да и го вратиме театарот на публиката и да реализираме седум премиери

Битолскиот Народен театар во последните три месеци успеа да реализира седум премиери на театарски претстави, успеа да ја зголеми посетеноста на изведбите, успеа да го врати театарот на публиката.

„Чудата се случуваат само ако верувате во нив“, истакна неодамна на прес-конференција директорот Васко Мавровски осврнувајќи се на сите проекти кои беа реализирани во периодот од 4 септември до денес.

Успеавме нашите театарски сали да бидат исполнети до последно место, за 30 проценти зголемена е посетеноста на сите претстави. Благодарност за целиот тим на Битолскиот театар, кој веруваше и верува во мотото „Театарот повторно твој“. Работиме се со цел да го вратиме театарот каде некогаш беше. Започнати се и проектите за унапредување на условите за работа, завршивме со проектот дигитализација на репертоарот, набавен е софтвер за дигитално архивско работење. Тука е и трајната постановка на наградите и признанијата, во завршна фаза е видео надзорот со кој се заштитува сопственоста на Народен театар Битола. Ќе имаме видео снимки од театарските претстави, се реновираат многу простори каде актерите работат во текот на подготвување на претставите. Со други зборови успеавме за многу кусо време да направиме многу работи и сум горд на вработените на театарот кои во ниту еден момент не ме оставија сам да ги придвижам овие работи“, задоволен е од сработеното директорот Васко Мавровски.

За следната година првиот човек на БНТ Мавровски најави фокусирање на претстави на македонски автори и режисери.

Ќе биде изведена претставата по текст на Игор Кузмановски, „Жиголо“, во режија на Благој Мицевски кој е и костимограф на претставата, композитор Марјан Неќак, сценограф Сергеј Светозарев. Премиерата ќе биде на 1 март и тоа ќе биде првата премиера на НТБ за 2025, и е реализирана со сопствени средства-информираше неодамна на прес-конференција директорот на Битолскиот Народен театар Васко Мавровски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*