Директорот на РЕК „Битола“, Тони Петрушевски, и помошник-директорот на Секторот за развој и инвестиции, Тони Ангелевски, присуствуваа на конференција за декарбонизација во индустријата, организирана од Германската стопанска комора.
Во фокусот на дискусиите беа можностите за соработка, што ја нагласува важноста на зајакнувањето на економските врски помеѓу земјите и создавање услови за поддршка на индустриските економии во регионот.
Конференцијата претставуваше можност да се креира динамична платформа за вмрежување на бизнис-заедниците од индустријата кон поголема кооперативност во процесот на декарбонизација.