Home / Uncategorized / Донација од АД ЕСМ за Дебар

Донација од АД ЕСМ за Дебар

                           

          АД ЕСМ во соработка со синдикалната организација на Компанијата и Синдикатот на РЕК Битола денеска за Дебар, каде што е седиштето на хидроцентралата “ Шпилје “ испратија хуманитарна помош од два камиони  за 1.000 семејства.

          Помошта се состои од 1,000 пакети со неопходни прехрамбени производи и производи за личната хигиена. Во секој од пакетите има по 25 килограми брашно, 6 шишиња со масло за јадење, 6 килограми шеќер. 6 пакетчинња макарони, 20 ролни тоалетна хартија, заштитни маски и средства за дезинфекција на рацете.

          Вкупната вредност на хуманитарната помош изнесува околу 3 милиони денари.

          Помошта денеска ќе му биде распределена на жителите на Дебар од страна на градоначалникот, Хекуран Дука.

          – Во овие кризни времиња, кои не потсетија колку е скапоцен секој живот и здравјето на  секој од нас, АД ЕСМ се надева дека хуманитарната помош ќе ги ублажи последиците од кризната состојба во Дебар и Центар Жупа. Општествената одговорност на ЕСМ  досега  била многу пати потврдена, а со овој гест ги охрабруваме и останатите компании,  државни, или приватни, секој во рамките на своите можности да помогнат онаму каде што сметаат дека има потреба. Само заедно можеме да ја пребродиме заканата од Ковид 19, истакна првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, кој притоа нагласи дека производството во АД ЕСМ, како и бо најголемиот електро енергетски комбинат во државата, РЕК Битола, кој произведува околу 80 отсто од вкупната електрична енергија непречено се одвива и според годиншните планови на Компанијата и согласно препораките на министерството за здравство и Владата, истакна директорот на АД ЕСМ,  Васко Ковачевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*