Home / Култура / Доре (по)бара извинување од Лабина

Доре (по)бара извинување од Лабина

ИФФК „Браќа Манаки“ испрати писмо до продуцентката Лабина Митевска, кое го објавуваме во целост:

„Во врска со пишувањата во медиумите за наводно лошиот однос кон екипата на филмот „Кога денот немаше име“, нагласуваме дека на изминатотото 38. издание на ИФФК „Браќа Манаки“, екипата од филмот „Кога денот немаше име“ беше професионално пречекана од претставникот на сервисот за гости на фестивалот, а потоа на вечерата за екипата и нивните гости, беше поздравена од уметничкиот директор на Фестивалот.

Спопред желбите на екипата, тие беа сместени во хотелите коишто ги одбраа, го добија терминот за проба на филмот во часот кој што им одговараше, достојно беа претставени и пред и по проекцијата на филмот во големата сала на Центарот за култура во Битола и притоа добија две прес конференции, првата на 29 септември со кинематограферката Ањес Годар, која беше кинематограферка и на филмот за затворање на фестивалот, заради нејзиниот скратен престој во Битола по нејзино барање и втората прес конференција на 30 септември со целата екипа на филмот.

Исто така, фестивалот испрати и посебно соопштение до медиумите со најава за македонската премиера на филмот со сите промотивни материјали испратени од продуцентската куќа на филмот „Кога денот немаше име“.

Фестивалскиот тим на „Браќа Манаки“ кон екипата на филмот „Кога денот немаше име“ за цело време на нивниот престој се однесуваше професионално и љубезно како кон сите поканети гости. Затоа сме изненадени од незадоволството искажано во медиумите од страна на продуцентката на овој филм, со оглед на фактот што филмот имаше третман како и сите други филмови во Главната програма на Фестивалот. Затоа бараме јавно извинување за искажаните неверодостојни тврдења.“

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!