Don't Miss
Home / Вести / Економското училиште од Битола успешно реализира Еразмус проект

Економското училиште од Битола успешно реализира Еразмус проект

Економското училиште „Јане Сандански” од Битола во периодот од 6 април до 12 април, беше домаќин на третата мобилност на Еразмус плус проектот DigiTALE of Life. 

 

Главните теми на оваа мобилност беа дигиталниот идентитет и дигиталниот половен јаз.  Мобилноста беше организирана и водена од координаторот на проектот – проф. Ирена Пејчиновска, а покрај наши ученици учествуваа и професорите Дејан Стојков, Снежана Крајчевска-Плушковска и Ана Костовска. 

  Беа вклучени три странски училишта од кои две средни стручни училишта од Турција, (Кајзери и Зиле) и едно стручно училиште од Италија (Терни).  

На свечениот пречек на гостите поздравен говор одржа и директорката на училишето Биљана Јанкуловска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*