Home / Uncategorized / Етничкиот софтвер на Мицкоски

Етничкиот софтвер на Мицкоски

                            

                   Предвремените парламентарни избори беа и поминаа.

          Иако тие не беа “Фински “, сепак според сите учесници во изборниот процес, а и набљудувачите генерална е оценката дека изборите поминаа во демократска и фер атмосфера.

          Тоа што остави црна дамка на овие избори се работите кои се случија откако беа затворени гласачките места.

          Најпрво скандалите почнаа со паѓањето на софтверот на ДИК, па граѓаните кои беа покрај малите екрани, како и сите учесници во избрниот процес не можеа дури до два часот изутрината, наредниот ден,  да ги добијат (не)официјалните резултати до ДИК.

          Паѓањето на софтверот на ДИК  со право отвори сомнежи за регуларноста на изборите.

          Во таква ситуација граѓаните, кои покажаа исклучителна политичка зрелост  и демократска свест мораа да се задоволат со тоа резултатите од изборите да ги дознаваат од изборните штабови на политичките партии.

          Само за илустрација на неодамна завршените парламентарни избори во Хрватска, резултатите на изборите граѓаните на Хрватска ги знаеја само неколку минути по затворењето на гласачките кутии по објавувањето на процентот на излезеност на гласање.

А кога резултатите ги објавуваат партиските  штабови кај нас  во тој случај прва на удар е вистината.

Така и овој пат, како и во некои претходни случаи ВМРО ДПМНЕ побрза  да прогласи победа, само по добивањето на резултатите од две три месни заедници,  за подоцна да ги снема и да се скријат во партиското седиште на Белата палата.

Втората црна дамка на овие избори е односот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан  Мицкоски кој не најде сили и не собра храброст вечерта, откако беа преброени над 93 отсто од гласовите, да излези на говорницата и јавно да ги искоментира резултатите од изборите.

Ако Мицкоски немаше  храброст и сили  да му ја честита победата на својот политички конкурент, Зоран Заев, тогаш мораше тоа да го направи барем за тие што гласаа за ВМРО ДПМНЕ,  затоа што членовите, симпатизерите и поддржувачите на ВМРО ДПМНЕ собраа храбрист и покрај пандемијата со ковид 19, излегоа  на избори да му дадат поддршката.

Мицкоски вечерта, по завршувањето на изборите се одлучи  резултатите од изборите да ги (с)сподели само своите партиски послушници во  Белата куќа.

Очигледно е дека поразот од СДСМ тој не го очекуваше, бидејќи цело време беше убеден дека на овие избори  ќе го декласира Заев  и  Коалицијата “ Можеме “ која тој ја предводи.

Христијан Мицкоски има право да се љути што загуби на изборите. Но за тоа не му е виновен ни Заев ни народот. Вината за  поразот тој треба да ја побара  прво кај себеси и својот тим, кој очигледно  е дека го уверувале дека ВМРО ДПМНЕ ќе слави убедлива победа и по само 3 години поминати во опозиција  ќе се врати на власт.

Иако политиката и спортот немаат многу заедничко  сепак едно што е иманетно за политиката и спортот е дека во овие две области поразите и победите се  нормална работа.

Во спортот многу  поединци, екипи,  или репрезентации,  губеле веќе добиени натпревари, буквално не само во последните минути, туку и секунди. Такви случаи има премногу. Но спортистите откако судијата ќе отсфири крај на натпрварот  некогаш  дури и со солзи на очите знаеле да го признаат поразот и да му ја честитаат победата  на противникот.

Кај нас во политиката досега не познато некој политички лидер по пребројувањетео на гласовите да собере храброст и да покаже доблест да му  ја честита победата на својот политички конкурент.

За признавање на поразот и поднесување оставка не може да стане ни збор.

Иако себеси се промовираше како модерен политичар, кај кој успехот, или неуспехот,  се мери со бројки, Христојан Мицкоски  и по пребројувањето на гласовите  од страна на ДИК, на чие чело е Оливер Деркоски, кадар на  ВМРО ДПМНЕ, не собра храброст да го признае поразот и да му ја честита победата на Заев, а својата лидерска позиција да ја стави на располагање. Напротив тој наредниот ден излезе со опасна теза дека ако се изземат гласовите на Беса, тој е победник  на изборите, зашто за него гласале најмногу  македонски граѓани.

Притоа Мицкоски заборави во која држава живее и дека  на овие избори за политичките партии и коалиции , покрај Македонци гласаа и Албанци, Турци,  Власи, Срби, Бошњаци, Роми… какви што припадници се членови во Коалицијата “ Обнова”.

Таквото пребројување на гласовите по етничка основа, Мицкоски треба да си го направи најпрво во ВМРО ДПМНЕ и  Коалицијата “Обнова “  и на припадниците на другите ентички заедници да им каже како тој нив  ги доживува.

Тоа што по овие избори остава црна дамка на ликот и однесувањето на Мицкоски е што и тој продолжува со веќе старата и добро позната пракса, политичарите поразите да ги прикажуваат како победи, па сега Мицкоски кој официјално има два пратеници помалку  ги уверува  неговите сопартијци  граѓаните дека тој ќе правел влада, притоа не кажувајќи со кој.

-Ние на направивме предизборна коалиција со политичките партии од албанскиот блок, но не значи дека нема да направиме постизборна коалиција, уверува Мицкоски.

Тоа што по објавувањето на резултатите треба да му се признаена Мицкоски е  неговото јавно признавање дека  резултатите од изборите  говорат оти политичарите го разочарале народот. Но остава сомнеж што тоа  иако тоа тој го знаел пред изборите го кажа дури по нивното завршување.

          Доколку е така, како што тврди Мицкоски, тогаш најмалото нешто што треба  тој да го направи е да си поднесе оставка  и да ја стави довербата на разгледување пред членството и тоа да се изјасни што мисли  за неговата (не)одговорност  по поразите на Референдумот, Претседателските избори и актуелните предвремени парламентарни избори.

Колумната можете да ја прочитате во најновиот број на Битолски весник кој од печат ке излезе среда на 22 јули

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!