Home / Uncategorized / Фоклорна вечер во Новаци

Фоклорна вечер во Новаци

Синоќа во рамки на Културно-забавното Лето Новаци 2019 во дворот на општината во Новаци се одржа 5-тиот културен настан “Разиграна општина Новаци”. 
Несекојдневниот настан со имресивен и возбудлив настап на 5 фолклорни друштва и ансамбли од Пелагонија и две групи од Мексико и Белгија го привлече вниманието на многубројната публика .
Фолклорниот караван предводен од културно-уметнички друштва од Пелагонија и тоа КУД “Новаци “ од Новаци , КУД Илинден од Демир Хисар , КУД Илинден од Битола , КУД Мирче Ацев од Тополчани и Фолклорниот Ансамбл Гоце Делчев од Битола истовремено тргна и се играше во 4 –ри населени месна во општина Новаци и тоа во с.Далбеговци , с.Г.Агларци , с.Живојно , с.Гермијан .Граѓаните во овие села имаја можност да го проследат овој културен настан токму во своето место на живеење .Токму таа дисперзија на културните настани го прави побогато , подостапно и помногубројно Културното лето во општина Новаци .
КУД “Новаци” од Новаци како домаќини ја отворија фолклорната вечер со сплет карактеристичен за ова поднебје и регион , а редоследно зедоја учество и останатите фолклорни друштва . Со маестрална изведба , уникатни како и сегогаш се претстави КУД Илинден од Битола оставајќи силен впечаток кај многубројната публика .
Имресии предизвика и настапот на Кралската уметничка група ALKUONE од Алст од Белгија која со креативен и експресивен танц со фрлање знамиња се претстави пред публиката .Станува збор за светски позната уметничка група која настапува на светски познати плошдати ширум светот . Основана е 1957 година и денес брои повеќе од 150 членови со школа за танц за фрлање на знамиња .
Оваа група од самото основање до денес бележи врвни достигнувања ширум светот за што зборува и наградата “Кралска уметничка група ”доделена од кралот Алберт Втори во знак на признание за нивната 50-годишнина .
Со карактеристичен перформанс настапи и танцовата група од Монтереј од Мексико предизвикувајќи бурни овации кај публиката .
Амбиентот беше збогатен и со вкусната трпеза од здружението на жени “Силата на Бабата” од Новаци кои се познати во регионот по правењето на вкусна и традиционална храна обезбедувајќи за сите учесници закуска.

Импресивен и возбудлив настап на Кралската уметничка група ALKUONE од Белгија во Новаци

Синоќа во дворот на општината во Новаци во рамките на Манифестацијат а Културно забавно Лето Новаци 2019 се одржа 5-тиот по ред културен настан “Разиграна општина Новаци “.Повеќе од 200 учесници од различни културно уметнички друштва од Пелагонија како и групи од Мексико и Белгија се претставија на фолклорната вечер имресионирајќи ја многубројната публика.
На задоволство на многубројната публика на еден ваков несекојдневен настан со имресивен танц со фрлање знамиња се претстави Кралската уметничка група ALKUONE од Алст од Белгија .Оваа група е светски позната по нивните настапи на светски познатите плоштади низ целиот свет .Од 1957 година оваа уметничка група успева да ги оствари успесите и достигнувањата не само во Белгија туку и во странство што говори и престижната награда “ Кралска уметничка група ”доделена од кралот Алберт Втори во знак на признание за нивната 50-годишнина .Денес брои над 150 членови со школа за танц за фрлање знамиња

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*