Генералниот директор на АД ЕСМ Лазо Узунчев заедно со дел од раководниот тим на компанијата, оствари работна посета на Подружницата Енергетика, лоцирана во индустрискиот комплекс “Железарница” во Скопје.

Целта на посетата беше директно запознавање со тековните активности и потенцијалите на овој важен енергетски капацитет.
Во рамките на „Енергетика“ функционира и комбинираната електрана КОГЕЛ, која произведува електрична и топлинска енергија.
Узунчев ја истакна важноста на „Енергетика“ во енергетскиот систем на државата и ја нагласи посветеноста на АД ЕСМ за континуирано унапредување на нејзините капацитети.
Во рамките на средбата со раководството, главниот фокус беше ставен на детална анализа на плановите за ревитализација и модернизација на техничко-технолошките процеси, вклучувајќи и инвестиции во зајакнување на квалитетот на мрежата за електрична и топлинска енергија по завршувањето на тековната грејна сезона,подобрување на условите за работа и безбедноста на вработените и зголемување на квалитетот на услугите кон корисниците „Енергетика“ обезбедува стабилно и ефикасно производство и дистрибуција на електрична и топлинска енергија, како и сигурно снабдување со топлинска енергија за граѓаните во населбите Железара, Триангла, Маџари и Хиподром.
АД ЕСМ продолжува со своите напори за зајакнување на сигурноста на производствените капацитети и нивна навремена подготовка во пресрет на новата грејна сезона.