Денеска во прва работна посета на престојуваше амбасадорката на Германија Анке Холштајн, која оствари средба со градоначалничката м-р Наташа Петровска.
На средбата, градоначалничката Петровска и амбасадорката Холштајн разговараа за придобивките од работењето на најголемата германска инвестиција во земјава, фабриката “Кромберг и Шуберт“, изградбата на новата детска градинка, економската состојба во градот, инфраструктурните проекти, како и за туристичките капацитети и понуди кои што ги има Општина Битола, особено во Националниот парк Пелистер.
Градоначалничката изрази благодарност за помошта од Германската амбасада, која во повеќе наврати донирала во битолските образовни институции.
Битолски Весник Весник што се чита и прераскажува 60 години со читателите
