Don't Miss
Home / Вести / Голем интерес на битолчани за имунизација

Голем интерес на битолчани за имунизација

                      

            Во Битола постојано расте бројот на заинтересираните битолчани за вакцинација.

            Денеска, третиот ден од имунизацијата во Битола,  без закажан термин,на пунктот во спортската сала во Медицинското училиште  Д-р “ Јован Калаузи“ се вакцинираа вкупно 1.090 граѓани, од кои 685 се ревакцини, а прва доза примиле 405 лица.

 Паралелно со градот голем е интересот за вакцинација и во руралните средини каде се одвива  теренската вакцинација.

Денеска се вакцинираа жителите во селата Буково, Крстоар, Бистрица, Олевени, Барешани и Канино, каде  вакцина примија вкупно  168 лица.

Со тоа за три дена, со теренската вакцинација во  руралните средини во Битолско се ваквцинирани  вкупно 456 жители.

Инбаку  во Битола последните денови нема новозаразени, а без пациенти се Инфективната клиника и Модуларната болница, каде веќе нема хоспитализирани пациенти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*