Home / Uncategorized / Градинките на “ Мајки цвет “ “ процветаа “ со нова боја

Градинките на “ Мајки цвет “ “ процветаа “ со нова боја

 

Во текот на летните месеци, во сите седум детски градинки во рамките на ЈОУДГ „Мајски цвет“, се изведуваат крупни изведбени зафати.

По 15 години, се врши бојадисување на сите градинки кои се во состав на оваа јавна установа. Бојадисувањето во дел од објектите сеуште е во тек и според плановите на изведба, ќе заврши до 8 септември годинава. Во градинкие „Пеперутка“ и Славејче“, во тек е стружење и лакирање на паркетите во објектите.

Паралелно се менува внатрешната дограма во градинките „Пеперутка“, „Славејче“, „Кокиче“ и „Качунка“, а станува звор за менување на 54 врати во објектите.

Во сите седум детски градинки, училниците ќе бидат климатизирани. Во дел од нив, поставувањето на клими е завршено, а се очекува до почетокот на новата учебна година, да бидат завршени и овие активности. Од управата на градинките истакнаа дека вредноста на сите овие зафати изнесува околу 1.700.000 денари.

Градинките на “ Мајки цвет “ “ процветаа “ со нова боја

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!