Home / Македонија / Груевски: Не прифаќам закани, уцени и местенки

Груевски: Не прифаќам закани, уцени и местенки

Закани, уцени и местенки не прифаќам и не проаѓаат, а на сите инволвирани јавно им порачувам дека ние не сме Македончиња туку Македонци, порача премиерот Никола Груевки во неговото обраќање во врска со случајот за шпионажа и насилство спрема претставници на највисоките државни органи, во кој еден од осомничените е и лидерот на опозицијата Зоран Заев.

 
На денешното обраќање, Груевски зборуваше за средбите кои ги имал со Заев во септември и октомври минатата година, на кои лидерот на СДСМ кажал дека во соработка со странска разузнавачка служба добил телефонски разговори на речиси целиот државен врв. За да не ги објави во јавноста Заев побарал итно формирање на техничка влада.

 

 
– Го прашав дали е сигурен во тоа што го говори и дали е тоа странска разузнавачка служба, добив потврдни одговори. Тој раскажа неколку телефонски разговори за кои констатиравме дека дел се точни, дел половично точни и дел неточни. Сепак, фактот дека дел од нив беа точни укажуваше на сериозноста на ситуацијата – изјави Груевски.

 

 
Тие првпат се сретнале по барање на Заев, а потоа следеле уште три други средби кои биле поврзани со првата. За неверување, според Груевски, е тоа што по овие средби, шефот на опозицијата со гордост и самоувереност јавно зборувал за соработката со странска разузнавачка служба, која го снабдила со нелегално и противзаконски и противуставно стекнат материјал.

 
– Рече дека со нив имал серија средби и пак побара техничка влада. За сето ова што го говорам постојат цврсти и непобитни докази. Се прави сериозна штета за државата, креирано сценарио на кое сите сме сведоци од почетокот, во кое на крај цела држава требаше да биде заложник– рече премиерот Груевски.

 
Тој потенцираше дека следува период во кој ќе се појават многу шпекулации и затоа ја повика јавноста да ја следи судската постапка која ќе биде јавна и транспарентна и за домашната и за меѓународната јавност. А, во неа, како што кажа Груевски, ќе одговори на сите прашања и порача дека вистината ќе излезе на виделина.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*