Home / Вести / Хрватска претстава по повод Денот на хрватскиот парламент

Хрватска претстава по повод Денот на хрватскиот парламент


Сатиричниот младински театар од Славонски Брод, Хрватска ќе ја изведе претставата „Беспомошни суштества“, базирана на драмите на Антон Павлович Чехов, драматизирана од големиот американски драматург Нил Симон, а во режија на Силвио Стилиновиќ.

“Има само една алка во трите драми со еден чин: човекот. Човек во ситуација на живот, животна ситуација поставена од човек. Сатирично исмејување, колку и да звучи парадоксално, на односите меѓу луѓето. Карикатура на животот во средината.

Се чини дека секоја реченица на Чехов е напишана за денешните ситуации што луѓето ги создаваат за себе.

Претставата треба да се разбере како комедија. Чехов напиша „комедија“ за секое негово дело. Така е и ова. Гувернерот, Предлогот и Удавените се делови од оваа претстава во која секој ќе најде дел за смеење, а дел за размислување„, велат од Сатиричниот театар.Во претставата играат: Тања Медиќ Савиќ, Аленка Владисављевиќ, Силвио Стилиновиќ, Зрино Гусак, Матеј Сафундџиќ( како гостин од професионалниот театар Славонски Бродвеј), Морено Мијатовиќ, Антонио Јуричиќ.

Режисер е Силвио Стлиновиќ, асистент на режија Саша Кариќ, костимографија Таја Балаш.

Претставата во Битола ќе биде и премиера на„Беспомошни суштества“, како дел од  15 -та сезона на Сатиричниот младински театар од Славонски Брод.

Инаку, овој театар постои од 2006 година, добитници се на многубројни награди во Хрватска, но и на фестивали надвор од неа. Како што велат самите актери- за нас наградите се доказ дека сме на вистинскиот пат за она што го работиме.

Гостувањето на сатиричниот театар од Хрватска е во организација на МХД Хрватски културен центар Марко Марулиќ, Битола, во соработка со Општина Битола и Центар за култура, а по повод одбележувањето на Денот на Хрватскиот парламент.

Претставата ќе се одигра на сцената во Центарот за култура на 9-ти октомври.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*