Home / Македонија / Хуманите карпошани дарува акрв

Хуманите карпошани дарува акрв

Традиционално, по повод  Деновите на Општина Карпош, во организација на локалната самоуправа, Заводот за трансфузиологија и  „ Црвениот крст“, денеска се  организираше крводарителна акција во Општината. На две локации, во спортската сала на ООУ „ Лазо Трповски“ и на мостот „Влајко“, во Влае, граѓаните од 09-17:30 ќе можат да даруваат крв.

Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, истакна дека карпошани се хумани луѓе, кои секогаш даруваат крв за да спасат човечки живот.

До сега околу стотина граѓани дариле крв, но, со оглед дека граѓаните се на работа, очекувам попладне после завршувањето на своите работни обврски, помасовно да се влучат во оваа благородна акција. Традиционално Општина Карпош организира крводарителска акција, и во иднина секако ќе продолжи, запазувајќи ја хуманата компонетна, потенцираше Богоев.

Во денешната акција, се вклучи и Панче Димковски, кој по јубилеен,  стотти пат,  даруваше крв. Како што истакна Димковски, преку 40 години, дарува крв, со цел да спаси нечиј живот.

Ги повикувам сите граѓани, се разбира оние кои можат да дарат крв, да се вклучат во акцијата, и со тоа да помогнат на некој близок, или на некој кој му е најпотребно, појасни Димковски.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!