Don't Miss
Home / Вести / Изложба на Битолски весник ” Од камен темелник до ТЕ “Битола 3”

Изложба на Битолски весник ” Од камен темелник до ТЕ “Битола 3”

       

        Во рамките на настанот  по повод обзнанувањето на крајот на грејната сезона, кој се одржа во Комбинатот на РЕК ” Битола “, Битолски весник, кој в сабота  на 29 април слави 59 години од излегувањето на првиот број и кој  од наредниот број почнува да ја испишува историјата од своето 60 годишно континуирано излегување, организираше изложба на насловни страници од поставувањето на камен темелник во РЕК “Битола ” па се до денес.

        На изложбата се поместени над 200 насловни странции со прилози за историјата на РЕК “Битола “.

        Битолски весник, кој е вистински хроничар на Битола, во својата архива ги има сите  испечатени  весници од 29 април 1964 година па се до 2023 година.

        Во Архивата на Битолски весник се наоѓа и огромна архива за работењето на РЕК ” Битола “од идејата за изградба на Комбинатот во 1974 година па се до денес.

        Тоа е непроценливо богатство од историјата на Битола, какво што освем Библиотеката ” Св. Климент  Охридски ” и Државниот архив нема никој друг во градот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*