Кампањата „Поддршка за згрижувачките семејства“, дел од платформата „ВЕРОзаТЕБЕ“, го достигна својот следен чекор со проширувањето во Битола.
По успешното лансирање во Скопје, оваа иницијатива продолжува да прави разлика, обезбедувајќи поддршка за згрижувачките семејства и центрите за лица со попреченост низ Северна Македонија. Во духот на божиќните празници, преку подароци од Џамбо маркетите, ВЕРО се грижи празничната сезона да биде исполнета со радост и надеж за сите на кои им е најпотребна.
„Згрижувачките семејства нудат љубов и стабилност, додека центрите за лица со попреченост обезбедуваат поддршка и еднакви можности. Оваа кампања е повеќе од помош-таа е порака дека нивната работа е вреднувана и дека заедницата стои зад нив. Ваквите иницијативи се клучни за вистинска промена и подобрување на животите на најранливите-изјави Ѓоко Велковски, заменик-министер за социјална политика, демографија и млади.
Директорот на ВЕРО, Петар Денковски, додаде:
„Во ВЕРО веруваме дека нашата одговорност оди чекор понапред од само обезбедување производи. Кампањата „Поддршка за згрижувачките семејства“ ја покажува нашата посветеност на заедниците. Денес не подаруваме само подароци – носиме порака на надеж и солидарност со секое згрижувачко семејство и секој центар за лица со попреченост– изјави Денковски.
Настанот во ВЕРО Битола ги обедини згрижувачките семејства, претставниците на центрите за лица со попреченост, децата и граѓаните, славејќи го духот на заедништвото и поддршката.
Оваа иницијатива ја нагласи важноста на грижата за најранливите во општеството и е дел од пошироката мисија на ВЕРО за корпоративна одговорност, насочена кон поттикнување инклузија и солидарност.
Оваа иницијатива е повеќе од хуманитарен проект-тоа е порака на солидарност, надеж и посветеност кон сите кои се борат за подобра иднина.