Во Општина Новаци започна реализацијата на значаен инфраструктурен проект-асфалтирање на уличната мрежа составена од три краци (1, 2 и 3), во вкупна должина од 1.515 метри, кои претставуваат директна пристапна врска до новата Индустриска зона во Новаци.

Овој проект претставува голема капитална инвестиција во патната инфраструктура, со вкупна вредност од 55 милиони денари. Средствата се обезбедени преку Владата, Министерството за транспорт и врски, како и од буџетот на Општина Новаци.

„Инфраструктурата, особено патната мрежа, е основен предуслов за економски раст и локален развој. Со оваа инвестиција не само што се подобрува поврзаноста и мобилноста во општината, туку се отвораат и нови можности за привлекување на домашни и странски инвеститори во индустриската зона-информираат од Општината Новаци.

Оттаму додаваат дека овие улици ќе бидат клучна артерија за нови бизниси, нови работни места и забрзан економски развој.
„Развиена патна инфраструктура значи полесен и побрз транспорт на стоки и услуги, зголемена безбедност, но и поквалитетен живот за граѓаните. Овој проект е уште еден чекор напред кон визијата за модерна, просперитетна и економски силна Општина Новаци-информираат од Општина Новаци.