.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Вести / Кондовски: Битолските стопанственици бараат ефикасна локална самоуправа!

Кондовски: Битолските стопанственици бараат ефикасна локална самоуправа!

Битолските стопанственици бараат ефикасна локална самоуправа! Кога се исправени пред предизвикот на нови инвестиции тие очекуваат брз и ефикасен одговор во однос на градежните дозволи и урбанистичките планови! За нив загубата на време значи загуба на пари!

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Битола, Христо Кондовски, вели дека со овие барања го пречекаа во производниот погон на пекарата „Александар“. „Домашна инвестиција во Битола, од страна на двајца браќа кои успешно ја продолжуваат семејната традиција на производство на леб и бели печива, за што искрено и од срце им честитам! На средбата со Александар Петровски, еден од сопствениците на овој производствен капацитет, уште еднаш ја повторив мојата максима дека само ефикасна општина може вистински да го поткрепи битолското стопанство! Законите мора да се почитуваат, но и тогаш може да се работи ефикасно и во разумно време да се одговори на барањата на сите оние кои сакаат да инвестираат, бидејќи тоа е во интерес на сите битолчани!“-истакна Кондовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*