Home / Вести / Кондовски на средба со битолските угостители

Кондовски на средба со битолските угостители

Кондовски на средба со битолските угостители

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Битола Христо Кондовскиден еска оствари средба со “Еснаф“ – Здружението за угостителство и туризам од Битола.

-Отворената и директна комуникација е основа на секоја успешна соработка! На ова денеска се согласивме со битолските угостители. На средба со членови на “Еснаф“ – Здружението за угостителство и туризам од Битола, заеднички ја утврдивме потребата угостителите и туристичките агенции активно да бидат вклучени во процесот на донесување на одлуки во локалната самоуправа во областа на туризмот, рече Кондовски по средбата.

Тој истакна дека заедно со угоситителите се согласиле и за потребата од формирање на туристички информативен центар, а преку ефикасно менаџирање да се подигне квалитетот на туристичката понуда на Битола.

-Целта е туристите да не го посетуваат градот само транзитно, туку вистински да ја восприемат неговата убавина, култура, историја… И сето тоа изменаџирано во функција на локалната економија. Битола има капацитет за тоа!, рече Кондовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*