Don't Miss
Home / Вести / Конституиран локалниот младински совет

Конституиран локалниот младински совет

                                   

Денес, во општина Битола, се одржа конститутивна седница на Локалниот младински совет.

Пред деветте членови на младинскиот совет се обрати Градоначалникот Тони Коњановски, кој им посака успешна работа во понатомошниот период и многу конструктивни идеи и предлози, кои ќе придонесат младите да останат во својот град и заедно со локалната самоуправа, да работат на подобра иднина за младите во целата општина.

Претседателката на Советот, Габриела Илиевска, во своето обраќање изрази верување дека познатата реченица: младите се нашата иднина, нема да биде само обична флоскула, туку младинскиот совет со својата работа ќе докаже дека младите можат да направат многу за да се спречи одливот на младата сила во странство.

И претседателката на Советот и градоначалникот, нагласија дека општината е отворена за постојана соработка со младинскиот совет и дека очекуваат многу иницијативи и проекти, кои во идниот период, би се реализирале согласно законските можности.

Од двајцата предложени кандидати, за претседател на младинскиот совет, беше избрана Ивана Атанасовска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*