Home / Вести / Корлевски:Дека не сме исти,најдобро се гледа во градинките

Корлевски:Дека не сме исти,најдобро се гледа во градинките

  • Не сме исти, „бледата слика на ДПМНЕ“ – не само што е иста, туку е и полоша.Периодов често се зборува за тоа колку сме или не сме исти, за промени, се зборува за разлика, но се зборува и за дела и отчетност. Ваквите различни ставови се знак на здрава демократија. Се работи вредно и добронамерно, се работи чесно и отворено. Се работи со план. Но, за жал, за ова помалку се зборува. Затоа што лесно е да се критикува и да се префрлува одговорност, но не и да се делува во интерес на граѓаните, макар и по цена на губење политички поени.Континуираното лобирање на градоначалничката, придонесе ОпштинаБитола да добие огромна финансиска помош од над 2 милиони евра воделот на образованието, социјална и детска заштита. Во делот на детската заштита и развој, во битолските градинки се набавија професионални машини за перење, кујнска опрема, мебел… Се обновија занималните, се реновираа и модернизираа кујните со цел подобра исхрана на децата згрижени во градинките. Со еден збор, се дадешанса на институциите да обезбедат нормални услови за правилен детски развој. Зборот важи, вработените во градинките конечно го добија заслуженото уважување на трудот преку зголемување на платите. Платите на СИТЕ вработени пораснаа за 16% и ќе продолжат да растат во идниот период.СДСМ и коалицијата и ова лето ќе го помине работно заедно со своите граѓани за да покажеме и докажеме дека не сме исти, ние секој ден нудиме решенија и ги решаваме проблемите на нашите сограѓани. Нашиот ЗБОР ВАЖИ!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!