Home / Uncategorized / Крај на една заблуда

Крај на една заблуда

                                         

          До пред само извесно време сега веќе екс специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, пред која не само обвинителите и судиите, трепереа дури  и политичарите, како од власта, така и од опозицијата, самуверено во нејзин препознатлив стил говореше:

          -Како ќе ме сменат? Кој мене  ќе ме смени?

          Од саботата Катица Јанева не е повеќе специјална јавна обвинителка. Како кога ја назначија, со  апсолутно мнозинство и со сите гласови за, во саботата, на посебната седница на Собранието, со едногласна одлука на парламентарците е сменета од функцијата специјална јавна обвинителка.

          По смената на Јанева,  СЈО  кое се роди по деноноќните преговори во Пржино е веќе мртво.

          СЈО веќе не постои во македонскиот правосуден систем.

          Како што преку ноќ со политичка одлука го формираа, така и преку ноќ со политичка одлука го  укинаа.

          И со случајот Јанева се покажа дека македонските политичари се единствено доследни во својата недоследност.

          Додека само пред неполни 4 години на врат на нас, надвор од сите законски прописи и Уставот на државата беше формирано СЈО,  се со цел да расчисти со организираниот криминал на бандата на Груевски и фамилијата, бидејќи Обвинтелството од каде дојде и Јанева, поради партизраност, некомпетнтност, корумпираност  наводно не беше кадарно да го направи тоа, така деновиве власта и опозицијата на врат на нос сторија се да ја сменат Катица Јанева  буквално во минут ди 12 пред да и престане мандатот.

           Само пред 4 години таа на јавноста му беше преставена како (нај)стручна, (нај)професионална, непартиска,принципелна, која зад себе имаш доста меѓународни  сертификати и како челична дама која ќе расчисти со организираниот криминал во државата.

          Во саботата Катица Јанева беше сменета  во Собранието поради нестручно, незаконско и несовесно работење.

           Сега кога Катица Јанева е веќе сменета од функцијата специјален јавен обвинтел, судбината на СЈО е сосема јасна. Сега останува да се види што ќе стане со обвинителите кои работеа во СЈО, под директна надлежност на Катица и предметите кои што ги водеше ова специјално јавно обвинителство.

          Околу ова прашање деновиве се кршат копјата меѓу власта и опозицијата.

           Иако во игра се многу “игри” сепак како што стојат работите по се изгледа дека тие ќе бидат дел од постојното обвинтелство.

          Како што пред само 4 години, пред формирањето на СЈО  на сите звона се тврдеше дека постојното обвинителство не може да се справи со кримналот и пустошот од над 5 милјарди евра го остави претходната власт на Никола Груевски, сега власта се обидува да ја (раз)убеди јавноста дека предметите треба да се вратат во Обвинтелството и дека тоа има капацитет и знаење да   расчисти  со криминалите на фамилијата  на Груевски, туку и со инволвираните во аферата “ Рекет “, во која има индиции дека се вмешани луѓе блиски до актуелната власт.

           Во оваа прилика никој веќе не заборува за тоа дека тоа се истите обвинители од времето на Марко Зврлевски, кои   беа корумпирани, некомпетентни, партизирани, нестручни, поради кои квалификации се формира СЈО.

          Со скандалот што се случи во аферата “ Рекет “,  во Македонија исчезна и последната надеж дека државата, односно македонското судство може да се (из)бори против органзираниот кримнал.

          Македонија  и натаму ќе биде држава во која цути криминалот и во која криминалците имаат своја држава.

          Дали ваквото веќе врежано мислење кај јавноста  ќе го смени Русковска останува да покаже времето.

          Но се ми се чини дека во професионалноста, посветеноста,определеноста и решеноста државата и (право)судството  да расчистат  со криминалот не веруваат ни тие кои постојано за тоа ни говорат.

          Со разрешувањето на Катица Јанева разрешена е и таа дилема.

          Сега останува да се види колку е таа виновна за “Рекет” .

          Како и за сите осомничени или обвинети и за неа треба да важи презумцијата на невиност.

          Иако многумина не сметаат за такви сепак  мислам дека јавноста не  е толку наивна да верува дека Катица е крива оти Боки и  дал на подарок гарнитура, за тој преку неа да “изректира милиони евра”.

          Малкумина во јавноста веруваат дека сведокот Орце Камчев, кој ги снимал инволивираните во “ Рекет “ е толку безгрешен што сега тој си ја присвои улогата на Катица Јанева да ги гони криминалците.

          Уште помалку во јавноста луѓето веруваат дека бизнисмените кои наводно не биле “рекетирани “ и дале стотици илјади евра заради добрата “идеја “ на бабата Елена Тодоровска.

           Аферата “ Рекет “ не може да се заврши само со еден одигран гем, и снимките на италјанскиот весник “ Ле Верита”

          Потребна е сеопфатна истрага на сите инволивирани, а пред се на Катица Јанева.

          На потег е сега Вилма Русковска.Таа сега без да сака ја доби улогата на Катица Јанева.

          Но ова е последен момент политичарите да ги тргант рацете од правосудството.

          Кај народот сеуште одзвонуваат скандирањата “ Нема правда нема мир “.

          Ова затишје не треба да се сфати дека сега има правда па затоа има мир.

          Но дали има и колку има правда треба да се остави да судат судските органи на сите нивоа и јавноста, а не политичарите, кои најблаго речено ги прават сите злоупитреби кои не с е случваат во државата.

          Најстрашно од се е што додека политичарите с енадмидрувата мегу себе” чсовникот “ на Триумфалната капија кој требаше да покажува колку пари од криминалот на претходната власт се вратени во буџетот сеуште стои во место.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*