Don't Miss
Home / Вести / Крајно неизвесна судбината на Детското ликовно студио “ Кирил Методиј “ Битола

Крајно неизвесна судбината на Детското ликовно студио “ Кирил Методиј “ Битола

        Судбината на Детското ликовно студио “ Кирил Методиј “ е крајно незвесна, велат упатените во (не)приликите со  кои во последно време се соочува  Студиото.

        Помошта која се обврза да му ја даде Општината Битола до крајот на годината за покривање на трошоците за исплата на една плата на еден вработен  и потрошената електрична енергија  е само привремена и  недоволна за решавање на проблемите со кои во наредниот период доколку не се најде сеопфатно и институционално решение со кое ќе се решат проблемите на Студиото.

        Малку е веројатно дека проблемите на Студиото ќе се решат со  питачење и собирање доброволни прилози од (осиромашените )граѓани, како што во изминатите неколку дена организра раководството на Студиото.

         Во ситуација кога УО на Студиото наводно со цел да го заштити брендот  ја отфрли секоја соработка со Министерството за култура и во очекување на надминување на недоразбирањата со Министерството за образование и наука, кое од засега непознати причини не се изјаснува зошто му ги стопира уплатите во износ од 60.000 денари на едниот вработен во Студиото, останува да се  бара сеопфатно решение каква ќе биде во иднина сдубината на студиото.

        Од луѓе кои добро ја знаат историјата на Студиото и се запознати со начинот на негово функцинирање и начинот на негово финансирање, најголем проблем во овој момент е што по смртта на основачот на Студиото, Коста Хаџи Антоновски нема стручно лице, односно ликовен педагог,   кој ќе ја обавува воспитната и педагошката работа со учениците  кои ќе посетуваат настава во Студиото.

         Детското ликовно студио “ Кирил Методиј “ а особено Манифестацијата “ Мал битолски Монмартр “ е бренд на Битола.

        Времето кога идејниот творец и основач на студиото Коста Хаџи Антоновски се грижеше за Студиото  заврши.

        Коста беше еден и единствен кој го опстојуваше и развиваше студиото.

         Јавна тајна е дека тој Студиото го гледаше како свое дете и не дозволуваше било кој да му се меша во работата на Студиото и неговите актвности.

        Иако неговата ќерка Ели е внукот Анастасиј се доста упатени во работата на Студиото сепак тие не се и не можат да бидат Кочо.

        Затоа во овој момент е потребно да се најде институционално решение за Студиото за кое покрај решавањето на работниот статус на  Ели и Анастасиј треба да се размислива како Студиото ќе функционира и работи во идниот период и кој ликовен педагог ќе работи со децата.

        Студиото “ Кирил Методиј “ на чело со ликовниот педагог Коста Хаџи Антоновски со Малиот битолски Монмартр многу направија за Битола, но и  Битола има доста вложено во Студиото.

        Оттаму градот има обврска да се грижи за судбината на Студиото и неговото опстојување, зашто опстојувањето со питачење  не е и неможе да биде трајно решение.

        Тоа треба да го знаат и луѓето од УО на Студиото, кои во моментот се на негово чело.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*