Home / Вести / Максимално ангажирање на сите “рековци “ во справување на состојбите со поплавите

Максимално ангажирање на сите “рековци “ во справување на состојбите со поплавите

                                                   

Состојбите со поплавите на рудниците “Суводол “ и “ Брод Гнеотино“ кои предизвикаа  елементарна непогода во РЕК “ Битола “ , полека се санираат.

Од поплавените подрачја на откопните полиња и дотурот на јаглен, вработените во РЕК “ Битола “ засега исклучиво со своите ресурси и помошта од Подружниците се  справуваат со последиците кои ги предизвикаа огромните поројни дождови какви што не се паметат во Комбинатот и кои предизвикаа прекин во ископот и дотурот на јаглен до битолските термоелктрани.

Во моментот со пумпи се испумпува водата и се чинат напори да се ослободат багерите од огромните количини вода кои ги поплавија.

И покрај тоа што раководството на АД ЕСМ и РЕК “ Битола “ за  елементарната непогода, која ги зафати рудниците на Комбинатот ги известија сите државни институции, почнувајки од Владата, Центарот за справување со кризи, Армијата, засега  последиците се острануваат со сопствени сили, но побарана е помош од од електро енергетските комбинати и рудниците од соседните земји, пред се од “Колубара“ Србија, која пред неколку години исто така се соочи со огромни поплави.

          Сите вработени во РЕК “ Битола“  се на своите работни места. Прекинати се сите одмори, користењето на слободни денови.

          -Нема повеќе одмори,  слободни денови, викенди, родендени, свадби, имендени. Сите работници, без разлика на кои работни места работаат, се вратени на работа и се ангажирани за санирање на последиците и справување со поплавите. Морам да кажам дека работниците покажаа висока свест и веднаш се вклучија во справувањето со проблемите. Тие се многу мотивирани да се надмине состојбата.

          На состанокот на раководството на АД ЕСМ и РЕК “ Битола“ се усвои акционен план на кој се дадени задачи како по сектори и служби, така и на поединци.

          Вработените во рудниците прават се да се средат состојбите и да се врати нормалното работење. Тие во овој момент се единстевно разочарани од политикантските изјави на опозицијата, која состојбата со елемнтарната непогода ја злоупотребува и излегува на прес конференции на кои изнесува лаги  и измислици. Затоа го повикуваме лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој едно време  беше прв човек на АД ЕСМ да го симне своето одело и да ги соблече лакованите чевли и да дојде во  рудниците на РЕК “ Битола “ да види со какви проблеми се соочуваат вработените и ним да им објасни дали требаше да добијат К- 15, пет проценти зголемување на платите,ладен оброк, или пак вода за пиење. Тогаш тој ќе ја види реакцијата на вработените.

Затоа мој совет е во овој момент тој да молчи.

          Начинот на кој се справуваат со последиците од елемнтарната непогода  сите вработени и нивното единстево не охрабрува дека за брзо време, доколку се подобри временската ситуација и престанат врнежите ќе го вратиме процесот на производство на јаглен и електрична енерхија во нормалата, рече првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски на денешната прес конференција во РЕК “ Битола “

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*