.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Македонија / Масовен протест на новинарите за слобода на Кежаровски со него на чело

Масовен протест на новинарите за слобода на Кежаровски со него на чело

Новинарите поддржани од неколку граѓански организации денеска излегоа на протест за да го изразат својот револт по однос на одлуката на Апелациониот суд на новинарот Кежаровски да му ја намали затворската казна а не како што очекуваа тие таа да биде укината бидејќи според нив случајот на Томислав Кежаровски треба најмалку да заврши со ослободителна пресуда.

GIL_2073   GIL_2097

Во меѓувреме на групата новинари им се приклучи и самиот Кежаровски откако претходно на барање на директорот на затворот „Скопје“ тој доби условен отпуст во времетраење од еден месец, односно со услов на 18 февруари повторно да се врати во затворската установа.

И покрај ваквата одлука новинарските здруженија одлучија да го одржат најавениот протест за како што рекоа целта на протестот не е да се врши притисок туку да се охрабрат судиите да им се спротистават на притисоците кои доаѓаат од власта.

GIL_2148    GIL_2235

Колоната предводена од новинарот Томислав Кежаровски  се упати кон Владата, извикувајќи „Нема правда нема мир“.

Во првиот ред покрај Кежаровски беа и лидерката на Самостојниот синдикат на новинари, Тамара Чаусидис и членови на иницијативниот одбор, како и Зоран Димитровски, уредникот на Кежаровски во „Нова Македонија“ во времето кога беше уапсен.

Со маички „И јас сум новинар, слобода за Кежо“, новинарите велат нема да се откажат од поддршката за својот колега, напоменувајќи дека „улиците се сега нивниот медиум“.

GIL_2220  GIL_2248

Меѓу другите пароли, новинарите порачуваат „Ако новинарот е во затвор, кој ќе ја каже неправдата“, „Колку чини слободата, прашува Никола Младенов“ и слични други пароли.

Паролите беа и на Македонски и на Албански јазик.

 

 

Фотографии: Игор Бансколиев

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*