Home / Колумни / Мицкоски и неговите алиби политики

Мицкоски и неговите алиби политики

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се повеќе ми наликива на главот лик во делото на Радое Домановиќ”Водач”

Тој деновиве изјави дека  неговата партија нема да учествува на претстојните локални избори за градоначалник во Штип и Пласница.

Според неговата изјава причината за бојкотот на локалните избори во Штип и Пласница  е затоа што според него состојбата со Ковид 19 во државата е апокалиптична и ни една политичка кариера не била поважна од здравјето на луѓето.

-Имајќи ја во предвид оваа апокалиптична состојба со Ковид 19 пандемијата, сето она што го гледаме е наше секојдневие, секојдневно броиме десетици луѓе кои го губат својот живот, броиме илјадници наши сограѓани кои на дневна основа се заразуваат, за нас претставува вистинска лудост  да се организираат избори. Ниту една политичка кариера не е вредна за да еден човечки живот биде доведен во опасност или пак да биде загубен, истакна деновиве  лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и остана жив.

Веднаш да кажам лично  јас не можам со сигурност да кажам дали локалните избори во Пласница и Штип треба(ше) да се држат сега или наскоро, кога во Македонија пандемијата со коронавирусот го има највисокиот пик и кога човечките животи станаа статистичка бројка.

Но лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е последниот политичар  и граѓанин во оваа држава  кој треба да бара одложување на локалните избори во овие две општини поради неговата  навдона (не)грижа за здравејто на луѓето.

Зошто го велам ова.

Прво, локалните избори во Штип и Пласница не се избори што треба да ја преокупираат македонската јавност. Станува збор за изнудени локални избори, на кои треба да се изберат градоначалници за испразнетите градоначалнички места.

Со оглед на тоа што се работи за избори во само две општини, за ДИК тоа ќе биде рутинска работа истите да ги организира по сите здравствени протоколи и препораки на Комисијата за заразни болести.

Иако состојбата со пандемијата е загрижувачка,а пренесувањето на вирусот ноќна мора за здравствените работници,  убеден сум дека тие избори нема да ја влошат состојбата со Ковид 19, доколку се организираат според препораките на Комисијата.

Оттаму не само што сметам, туку убеден сум дека причината за бојкот на изборите не е стравот на Мицкоски дека со нивното организрање ќе се влоши здравествената состојба во тие две општини, туку неговиот страв од уште еден изборен пораз, кој уште повеќе ќе ја разниша и онака веќе разнишаната  негова партиска фотелја.

Христијан Мицкоски, доколку се грижи за здравјето на луѓето, па и на своето партиско членство, ќе  претане со организирањето на протести за се и сешто.

Токму во моментот кога пандемијата се закани со сета своја сериозност, Мицкоски без да води сметка за здравејто на луѓето  во изминатиот период  организираше чести  митинзи, против се и сешто, од   против Регулаторната комисија за покачувањето на струјата, за заштита на ликот и делото на Гоце Делчев, против судството, обвинтелството, загадувањето,чистиот воздух, неправедното судење, реваншизмот…

На тие протести членовите и симпатзиерите на ВМРО ДПМНЕ се изложуваа себеси да го загрозат не само своето, туку и здравејто на другите (со)граѓани.

После органзирањето на таквите протести, кого сега Мицксоки ќе го уверува дека  тој се грижи за здравејто на луѓето и наместо да ги советува своите членови барем сега, кога дивее пандемијата да седат дома, тој ги вади надвор да протестираат.

Тоа што посебно паѓа в очи  е што  Христијан Мицкоски, секогаш кога ќе има избори тој пројавува голема загриженост за здравјето на луѓето и бара одложување на изборите.

        Такви барања тој упативаше и пред одржувањето на предвермените парламентарни избори.

        Мицкоски на бојкот повикуваше и за време на Референудмот.

        За тие што малку се разбираат од политика повеќе од јасно е дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој очигледно е дека не ја ужива довербата не само на граѓаните, туку и кај добар дел од членството на партијата  и сега пред овие избори во Штип и Пласница се плаши од пораз.

Иако не сум експерт сепак убеден сум дека организирањето на локалните избори во Штип и Пласница е далеку помалку ризично од  органзирањето на протестите, кои ги организира Мицкоски.

        Затоа тој, кажано со спортски јазик постојано “пимпла” и ја држи партијата на  “стенд бај” во опозиција.

        Мицкоски пред секои избори бара алиби да не учествува.

        Таквите негови политики дел од членството веќе одамна ги прочитаа. Многумина од нив веќе прогледаа и не мислат како главниот лик во делото на Радое  Домановиќ “ Водач”  да бидат донесени пред провалија, за да подоцна се уверат дека нивниот  водач бил слеп и ги довел во бездна.

        Оттаму, во овој момент пред изборите за градоначалници во Штип и Пласница,најмалку Мицкоски треба да лее крокодилски солзи за здравејто на луѓето.

        Изборите во Штип и Пласница ниту ќе ја влошат, ниту ќе ја подобрат состојбата со пандемијата.

        Таа уште долго ќе биде ноќна мора не само членовите на ВМРО ДПМНЕ, туку и за сите граѓани и дека за нејзино сузбивање треба да се вклучат не само здравствените работници и партиските лидери, туку и самите граѓани, кои треба безусловно  да ги почитуваат мерките за носењемаски, држење дистанца и хигиена.

        Барем засега такавата терапија ја препишуваат сите здравствени работници од сите земји во светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*