Don't Miss
Home / Вести / МКЦ Битола со концерт на Филип Динев Трио го одбележува Меѓународниот ден на џезот

МКЦ Битола со концерт на Филип Динев Трио го одбележува Меѓународниот ден на џезот

Младинскиот културен центар-Битола вечерва ќе го одбележи Меѓународниот ден на џезот во Битола со концерт на Филип Динев Трио.

Филип Динев е македонски гитарист/композитор со интернационална кариера. Магистрант на ХФМТ Хамбург, автор и продуцент на 2 оригинални изданија „Romann“ (2024) и „Szvetlo“ (2020). Париз, Будимпешта, Базел, Талин, Берлин, Хамбург, Лајпциг и Дрезден се само дел од европските градови каде Динев има концeртирано.

Композиторскиот печат и виртуозноста со влијание од класична, балканска и традиционална џез музика го прават Динев еден од најавтентичните гитаристи во регионот и Европа.

Покрај авторските концерти, свирел и со светски имиња, како Nils Landgren, China Moses и Teemu Viinikainen.

Со Филип Динев ќе перформираат и Андреа Мирчевска – контрабас и Дамјан Грујо – тапани. Влезот за концертот е бесплатен.

Овој концерт по единаесетти пат ќе ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани, информираат од МКЦ-Битола.

Настанот се организира во партнерство со Порта Џез и со финансиска поддршка од Општина Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*