Home / Вести / На Пелистер се одржа вежба за заштита на населението од елементарни непогоди

На Пелистер се одржа вежба за заштита на населението од елементарни непогоди

       

Денеска  во Националниот парк Пелистер, во близина на Инфо центарот  се одржа показна  теренска вежба која Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ја реализира во рамките на проектот: “Заедничка прекугранична соработка за заштита на населението од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор” –  J-CROSS,  финансиски поддржан од ПРОГРАМАТА ЗА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА INTERREG – IPA CBC 2014-2020

Главната цел на проектот е подобрување на заштитата на населението од елементарни природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор.Притоа

 беше демонстрирано  извлеквање на жртви при лизгање на земјиште.

Целта на  вежбата беше подигнување на свеста на релевантните чинители и населението од двата прекугранични региони за значењето на  мерките за заштита од прирдони непогоди и непогоди предизвикани од човечки фактор, како и зголемување на готовноста за реагирање на населението и релевантните чинители при вакви или слични случаеви на итност.

Сценариото беше развиено во согласност со спецификациите и целите детерминирани во проектот и истото ги опфати сите потребни елементи кои ја одсликуваат реалната ситуација на една ваква природна непогода односто лизгање на земјиште како и сите потребни мерки кои би се презеле во таков случај.

Изведувач на вежбата беше “Пегаз Еду“, а нејзината организација и реализација беше во целосна координација на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Проектот Ј-CROSS e само уште една активност и заложба на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион за унапредување на регионалниот развој и зајакнување на капацитетите на регионот за овој тип на заштита на населението и заштита од непогоди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*