Home / Uncategorized / Наградата “Гран При“ на Малиот битолски Монмартр за Марија Дима од Романија

Наградата “Гран При“ на Малиот битолски Монмартр за Марија Дима од Романија

Добитник на најпрестижното признание на годинашната Манифестација “Мал битолски Монмартр “ , која треба да се одржи во месец мај е 18-годишната Марија Дима од Букрешт, Романија, која за годинашната Манифестација испрати 20 ликовни творби.

На конкурсот кој траеше до 20-ти февруари учествуваа околу 300 школи, ликовни студија,градинки од 33 држави со преку 15,000 детски цртежи.

Стручното жири од вкупно пристигнатите творби додели награди за учество на Малиот Битолски Монмартр, награди за колекции, златни палети,дипломи и селектира 717 најдобри дела за 38-та Светска изложба која ке биде поставена и отворена на 23 мај и ќе трае до крајот на 2020 година, која како и секоја година е посетувана од голем број туристи и љубители на уметноста.

Инаку од Малиот битолски Монмартр уверуваат дека и покрај пандемијата со корона вирусот подготовкоте за годинашната маниестација се одвиваат непречено и тие се убедени дека дотогаш ќе помине заразата и дека на 23 мај во Битола ќе пристигнат децата од цел свет да земат учество на Манифестацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*