Home / Uncategorized / New Jork Gipsy All Stars на Бит фест 2018“

New Jork Gipsy All Stars на Бит фест 2018“

Познатата светска музичка група  New Jork Gipsy All Stars  од Њу Јорк,  во која свири светски познатиот битолски и македонски кларинетист Исмаил Лумановски – Смајко, годинава ќе учествува на битолското културно лето “ Бит фест 2018 “.

Популарниот Смајко со својата интернационална група во која свират музичари од Америка, Грција, Турција, Австралија, Порторико својот концерт ќе го одржи на 15 август,  на Хераклеја.

Концертот ќе се одржи во организација на битолското локално музичко радио Б-97 Битола и општината Битола.

Ова е прв пат Исмаил Лумановски – Смајко, кој годинава беше добитник на највисокото признание на Битолски весник “ Ајри Демировски “ да настапува со својот оркестар на Хераклеја.

За време на својот десетодневен престој во Македонија, организаторот на турнејата Радио Б – 97 Битола планира да организира  настапи на New Jork Gipsy All Stars     во некои други градови во Македонија.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!