Home / Култура / Низа културни активности ќе бидат дел од манифестацијата “Топол културен бран Могила 2016 година“

Низа културни активности ќе бидат дел од манифестацијата “Топол културен бран Могила 2016 година“

Во Општина Могила се организираат низа културни активности што се дел од манифестацијата “Топол културен бран Могила 2016 година“ ,  на задоволство на жителите од Општина Могила и околината, како и гостите од надвор.

Poster 2016-5

Општина Могила во соработка со Центарот за култура -Битола и  дистрибутерската куќа МЦФ МК  во рамките на манифестацијата  “Топол културен бран“  ќе организира  бесплатно летно-кино во Могила  од 25.07 до 30 .07 2016 со почеток на проекциите во 21 часот , на летната сцена пред ОУ “Гоце Делчев“  во  Могила.

На 27 .07.2016  година,  во рамки на “Топол културен бран 2016год“  Општина Могила  во соработка со Малиот  Битолски Монмартр ќе организира  отворање на изложба на Мал Битолски Монмартр со почеток во 12 часот .

Изложбата ќе трае пет  дена заклучно со 31.07.2016 година .

На изложбата ќе бидат претставени прекрасните дела на Децата од ширум светот .

На 29.07.2016 година , Општина Могила во соработка со Центарот за  култура  Битола во рамките на Манифестацијата “Илинденски денови 2016 година“   ќе одржи концерт – гостување во изведба на гости на Фестивалот  со почеток во 21 часот на Летната сцена пред ОУ Гоце Делчев во Могила.

 

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*