Сообраќајот на сите патни правци низ државата патишта се одвива без забрани, по суви коловози. Магистралниот пат А-3 ,„Ресен-Битола-Прилеп“, кој поради одрони на патот беше затворен за сообраќај е нормализиран за сите видови на моторни возила.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини не се бележат подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.
Битолски Весник Весник што се чита и прераскажува 60 години со читателите
