Don't Miss
Home / Вести / Нов мандат за Методија Граматковски

Нов мандат за Методија Граматковски

               

        Актуелниот директор на ЈП “ Стрежво “ и во наредните 4 години ќе биде на чело на хидросистемот “ Стрежево”.

        По распишаниот конкурс и согласноста од Владата, УО донесе одлука да му го продолжи мандатот на Методија Граматковски за нови 4 години.

        Инаку старо-новиот директор на ЈП “ Стрежево “, Методија Граматковски во неговиот прв мандат постигна извонредни резултати и не само што го стабилизира претпријатието, туку со сопствени средства  реализира  бројни инвестиции.

        Благодарение на доброто и домакинско работење во голема мера е подобрен возниот парк на ЈП “ Стрежево “а доста средтва беа инвестирани и за подобрување на деталната каналска мрежа.

Методија Граматковски во текот на своето дваесет годишно работење се стекнува со професионално работно искуство во областа на менаџирањето и електроенергетиката. Во периодот од 1998 до 2003 работи во компанијата на “МЗТ Монтинг”- Битола како  раководител  на објект и раководител на економска единица. Од 2003 до 2017 е поставен на работно место инженер во Јавното  претпријатие “Стрежево”- Битола во рамките на секторот Електроенергетика, производство и продажба на електрична  енергија.

  Граматковски се стекнува со диплома на Техничкиот факултет при Универзитетот “Св. Климент Охридски”- Битола, Електротехнички отсек на студиската програма Индустриска Електроенергетика.

Има издадено неколку трудови од кои би ги издвоиле.

 – Изградба на нова хидроцентрала во Ј.П. “Стрежево” – Битола (Меѓународна конференција за енергетика – ЗЕМАК, 2010 година); Искористување на обновливите извори за производство на електрична енергија во Ј.П. “Стрежево”- Битола (Меѓународна конференција за енергетика – ЗЕМАК, 2012 година); Изградба на фотоволтаична централа во Ј.П. “Стрежево”- Битола (Меѓународна конференција за енергетика – ЗЕМАК, 2018 година).

На 5ти август 2017 година  за прв пат е назначен за директор на Јавното претпријатие “Стрежево” – Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*