.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Објавен повикот за учество во првата генерација на школата за лидерство и јавни политики “Политеа“

Објавен повикот за учество во првата генерација на школата за лидерство и јавни политики “Политеа“

Центарот за европски развој и интеграција објавува повик за учество во првата генерација на школата за лидерство и јавни политики “Политеа“. Повикот е отворен за сите кандидати на возраст од 18 до 26 години од подрачјето на Општина Битола. Школата ќе се реализира во периодот од 10.11.2014 – 15.04.2015 и ќе се состои од теоретски и практичен дел, кои ќе се реализираат еднаш неделно во траење од два часа.

-Преку учеството во школата учесниците ќе имаат можност да ги продлабочат своите знаења во областите на: процес на креирање и имплементација на јавните политики на локално и регионално ниво, Европска Унија – институции и политики и нивното влијание врз политичкиот систем на Р.Македонија, процес на интеграција на Република Македонија во Европската унија и можностите што тој ги отвара за локален и регионален развој, предизвиците за човековите права во 21-от век,основи на персонален и деловен стратегиски менаџмент,маркетинг и интернет маркетинг ,управување со граѓански организации. Преку практичниот дел на школата учесниците ќе имаат можност да ги усовршат своите вештини за: јавно презентирање и говорење, застапување и лобирање , проектно планирање , користење на бази на податоци од јавен карактер- информираат од Школата за лидерство и јавни политики.

Во школата ќе може да земат учество 30 кандидати, а предавањата ќе бидат реализирани од истакнати академски работници и експерти од општествениот и реалниот сектор.
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на адресата cedi.mk@gmail.com  со назнака – АПЛИКАЦИЈА ЗА ПОЛИТЕА – најдоцна до 05.11.2014.
По завршувањето на рокот за пријавување селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Центарот за европски развој и интеграција и партнерите вклучени во проектот ги сносат сите финансиски трошоци поврзани со реализацијата на школата. После завршувањето на школата учесниците ќе се стекнат со сертификати за учество.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*