Home / Вести / Обука за вработените на РЕК “ Битола” за идентификување и решавање на конфликти во работната средина

Обука за вработените на РЕК “ Битола” за идентификување и решавање на конфликти во работната средина

                       

Центарот за едукација и обука на АД ЕСМ во соработка со BAS – Biznis Akademija Smilevski организира обука за дел од вработените во РЕК “ Битола “ насловена “Идентификување и решавање на конфликти во работната средина”.

Обучувачот, проф. д-р Гордана Тасевска, во позитивна и интерактива атмосфера, ги водеше присутните низ практични вежби и примери кои имаат за цел подобрување на работната атмосфера преку идентификување и решавање на конфликтите кои се појавуваат помеѓу колегите, во секојдневната комуникација.

 По пат на дисеминација, вредните искуства стенати на обуката на проф. д-р Тасевска, вработените ќе ги пренесат до своите колеги со надеж конфликтите кои се присутни во секоја работна организација да останат во доменот на желбите за што поквалитетно и побрзо завршување на секоја работна задача.

Центарот за едукација и обука е формиран со цел континуирана едукација и надградба на вработените, а соработката со реномираната високообразовна институција БАС е од исклучително значење за нашата компанија.

Обуките и едукацијата на различни теми, од различни области се значајни и заради фактот што АД Е СМ се наоѓа на почетокот на енергетската трансформација, за која неопходно е преструктурирање и консолидирање на човечките ресурси и усовршување на потребните вештини за нејзино што поуспешно реализирање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*